Севиља му подготви отказ на Сампаоли
Според информациите од медиумите во Шпанија, фудбалскиот клуб Севиља ќе ја прекини соработката со тренерот Сампаоли.
Отказот следува поради лошите резултати кои клубот од Андалузија ги забележува во последниов период. Ова значи дека Аргентинецот нема да ја води екипата на преостанатите 12 натпревари во Примера, како и на четвртфиналето од Лига Европа против Манчестер Јунајтед.
После поразот во првенствениот дуел од Хетафе, Севиља се наоѓа на два бода од зоната на испаѓање од лигата.