Халанд има повреда на препоните, нема да настапи против Шпанија и Грузија
Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ќе мора да паузира откако се повредил на првиот ден од подготовките со селекцијата на Норвешка.
Скандинавците во наредните денови ги чекаат квалификациски натпревари за Европското првенство. Мечот против Шпанија е на 25-ти додека три дена подоцна ќе играат со Грузија.
„Халанд се врати во Манчестер за да започне терапија и лечење под надзор на докторите од клубот“, соопштија од репрезентацијата на Норвешка.