Килијан Мбапе: Јас сум врската меѓу старата и новата генерација

Килијан Мбапе беше назначен за нов капитен на Франција и имаше извонредна премиера со новата улога, бидејќи „триколорите“ ја декласираа Холандија.

Мбапе уште пред неколку дена откри дека искрено разговарал со Гризман и отстраниле било какви идни недоразбирата, но сега поопширно говореше за „Телефут“ и откри дека нема план да му соли памет на никој кој е подолго од него во репрезентацијата.

„Не сакам да бидам капитен кој диригира и наредува, мора да се мисли на тимот пред се. Имаме многу важни играчи кои долги години се во репрезентациајта. Целта е да бидам капитен, а притоа на никого да не му ја завторам вратата за да каже што мисли. Јас ќе бидам врската меѓу старата и новата генерација.

Имаме важни играчи како Жиру и Гризман и тие секако ќе имаат влијание во се што правиме заедно. За мене да се биде капитен е нешто симболично, на теренот претставувам милиони Французи. Ова е навистина специјално и големо, ме навраќа на деновите кога сонував за такво достигнување со капитенската лента на својата земја“, вели Мбапе.