Бразилскиот сојуз потврди дека го сака Анчелоти за селектор
Актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти останува најсериозен кандидат за селекторското место во репрезентацијата на Бразил. Веста ја потврди и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез.
„Анчелоти е едногласно почитуван меѓу играчите. Не само кај Роналдо или Винисиус, туку и од сите што играле за него“, изјави претседателот на Федерацијата.
Бразил е без селектор од декември, по разочарувањето од настапот на Мундијалот во Катар, поточно елиминацијата во четвртфиналето.