Челзи започна преговори со Луис Енрике
Во Челзи веќе започнале преговори со доскорешниот селектор на Шпанија, Луис Енрике, тврди „АС“.
Поранешниот тренер на Барселона е прв кандидат за нов тренер на Челзи, откако „сините“ се ослободија од Грем Потер. Според весникот, претставници на Енрике почнале преговори со Челзи. Негов анент е Иван де ла Пења, кој моментално се наоѓа во Лондон на средба со „сините“.
Челзи сака да ја победи конкуренцијата бидејќи интерес за Луис Енрике покажува и Тотенхем, кој бара наследник на Конте.
Ситуацијата исто така ја следи и Манчестер Сити, во случај Гвардиола да сака да си замине на крајот на сезоната.