Емери: Можеме да се бориме за пласман во Европа

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, после натпреварот со Лестер изјави дека неговата екипа може да се бори за место кое наредната сезона води во Европа.

Астон Вила вчера забележа победа над Лестер со 2:1 во Премиер лигата и во моменот се наоѓа на седмата позиција на табелата со совоени 44 бода, шест помалку од Манчестер Јунајтед.

„Сега е најважно да бидеме подобри во секој натпревар и да се трудиме да бидеме конкурентни. Ќе пробаме и во следните дуели да задржиме посед на топката и да бидеме ефикасни во завршницата. Можеме да се бориме за место кое води во Европа“, изјави Емери.