Дин Смит е нов тренер на Лестер
Англискиот премиерлигаш Лестер објави дека за нов тренер на екипата е назначен Дин Смит. Смит ќе го води Лестер до крајот на сезоната, а на позицијата доаѓа како замена за сменетиот Брендон Роџерс кој доби отказ на 2.април.
52-годишниот Дин Смит е поранешен тренер на Норвич, Астон Вила, Брентфорд и Валсал. Лестер во моментот се наоѓа на претпоследно место во Премиер лигата со освоени 25 бода.
„Среќен сум што добив шанса да го водам Лестер до крајот на сезоната. Екипата има квалитет и доволен број на натпревари за да избори опстанок во лигата„, вели Смит.