Асенсио добива нов договор на „Сантијаго Бернабеу“

Марко Асенсио се предомислил во последните недели и сега е отворен кон идејата да потпише нов договор со Реал Мадрид.

Договорот на Асенсио истекува на крајот на сезоната, па иако се очекуваше дека сигурно ќе ја промени средината, сепак дојде до пресврт.

Асенсио не е задоволен од лимитираната минутажа која ја добива кај Анчелоти и главно е на клупата за резерви, па поради тоа сакаше да ја промени средината.

Меѓутоа, Реал му понуди нов договор и сака да го задржи, а Асенсио сега сериозно размислува да ја прифати понудата и да остане на „Сантиаго Бернабеу“.