Фримпонг од Баер Леверкузен главна цел на Тен Хаг за следната сезона

Џереми Фримпонг е на радарот на многу европски гиганти.

Според новинарот Фабрицио Романо, агентот на 22-годишниот Холанѓанец веќе имал средби со претставници на Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен и Барселона.

Како фаворит за неговиот потпис важи Манчестер Јунајтед, а и самиот фудбалер преферира да се пресели во Премиер лигата.

Оваа сезона Фримпонг има 26 меча за Леверкузен во Бундеслигата на кои постигна 8 гола.