Манчестер Јунајтед и Баерн во трка за Рамос од Бенфика
Напаѓачот на Бенфика и репрезентативец на Португалија, Гонзало Рамос, многу веројатно на крајот од сезоната ќе си замине од клубот.
За 21-годишниот играч кој на 38 натпревари сезонава за Бенфика постигна 25 гола, голем интерес покажуваат европските фудбалски гиганти, меѓу кои предничат Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.
Договорот на фудбалерот со Бенфика има важност до 2026 година, па така цената која клубовите ќе треба да ја платат за негов ангажман би била околу 90 милиони фунти.