Ливерпул се откажува од купување на Белингем

Некои од медиумите во Англија ја пренесуваат информацијата дека фудбалскиот клуб Ливерпул се откажал од трката за купување на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд.

Според објавите, клубот од Дортмунд за 19-годишниот англиски репрезентативец наводно бара повеќе од 100 милиони евра. Тој во бундеслигашот пристигна од Бирмингем за 25 милиони евра кога имаше 17 години.

Челниците на Ливерпул и тренерот Јирген Клоп биле со став дека сумата за ангажман на Белингем е превисока и дека поисплатлива варијанта би било купување на Алексис Мекалистер од Брајтон, Мејсон Маунт од Челзи или Матеус Нуњез од Волвс.

Очајната сезона на Ливерпул е сигурен знак дека англискиот вицешампион ќе мора да прави голема реконструкција на тимот за наредната сезона.