Српското дерби в среда без присуство на гледачи

Големото фудбалско дерби во Србија меѓу екипите на Партизан и Црвена звезда ќе се игра пред празни трибини. Ова го одлучи Дисциплинската комисија на Српскиот фудбалски сојуз.

Партизан и Звезда се среќаваат во второто коло од плејофот за првенството на Србија во среда од 18:30 часот.

Поради инцидентите со навивачите на натпреварот на Партизан против Чукарички, домаќините беа казнети следниот меч да го одиграат на домашен терен без публика, а следниот домашен меч на „црно-белите“ е токму овој против Црвена Звезда.