Кампацо од следната сезона се враќа во Реал

Аргентинскиот плејмејкер Факундо Кампацо од следната сеозна ќе биде нов/стар играч на Реал Мадрид, пишува шпански „Релево“.

Како што пренесува мадридскиот весник, се било договорено на 17 март во Барселона, кога Звезда и гостувала на истоимениот тим во Евролигата. Во текстот се вели дека Хуан Карлос Санчез, директорот на кошаркарската секција на Реал Мадрид и Алберто Хереро, спортскиот директор, отпатувале во Барселона за да постигнат договор со поранешниот играч.

Враќањето во Реал беше првата желба на Кампацо кога Далас Маверикс го ослободи на крајот на минатата година, но тогаш тоа не беше остварливо поради клаузулата од шест милиони евра. „Релево“ наведува дека понудата на Реал до Кампацо изнесува 1,6 милиони евра.