Продажбата на Рафиња е клучот во преодниот рок на Барса

Евентуалното враќање на Лионел Меси во Барселона најверојатно ќе значи крај на авантурата за Рафиња на „Камп Ноу“.

Барселона работи на враќање на Меси, а претседателот Лапорта потврди дека прави се за Аргентинецот да се врати на „Камп Ноу“. Поради тешката финансиска ситуација Барселона ќе биде приморана да го продаде Рафиња, за да направи простор за Меси во тимот.

Таквата ситуација сака да ја искористи Њукасл, кој е заинтересиран за Бразилецот и веќе спремил понуда од 65 милиони фунти.

Рафиња минатото лето пристигна во Барселона и требаше да биде големо засилување, но не се вклопи најдобро во тимот.