Матеус: Тухел имаше договор со Јуве пред да потпише за Баерн

Лотар Матеус, во своето последно интервју за германските медиуми, објасни зошто морале да го обезбедат Томас Тухел и да го сменат Јулиан Нагелсман.

Искусниот стратег дојде на местото на Нагелсман, кој немаше добра сезона, па поради опасност дека Тухел ќе биде договорен од тим од Серија А, Баерн Минхен морале да направат радикален потег и на средина од сезоната да го ангажираат Томас Тухел.

„Отказот на Нагелсман не беше изненадување само за нас, туку и за сите околу нас. Нагелсман направи добри работи во Бунделсигата, можеби не беше добар во ЛШ, но годинава ги победи ПСЖ, Интер, Барселона два пати, не беше совршено, но не беше далеку од трофеј. Мислев дека во клубот се шегуваат, но сепак, тоа не беше први април“.

„Тухел имаше пред-договор со Јувентус, а Баерн Минхен беше нервозен поради тоа сознание. Тухел беше слободен и скоро договорен со Јувентус, а не му веруваа 100% на Нагелсман. Но кога сфатија дека мора брзо да реагираат за Јуве да не го обезбеди Тухел, му врачија отказ на Нагелсман“, открива Лотар Матеус.