Тоти испрати порака: Мурињо треба да остане во Рома

Франческо Тоти сака менаџерот Жозе Мурињо да остане на клупата на Рома иако се почести се шпекулациите дека за неговите услуги се заинтересирани повеќе клубови. 

„Тоа е фудбал и тоа е избор на Жозе. Мислам дека тој и клубот одлучија и тоа ќе го објават по финалето на Лига Европа. Се надевам дека соработката ќе продолжи и по сезоната 2023/24“, вели легендарниот играч на „римската волчица“ кој се насочи и кон финалето во Лига Европа.

„Се надевам дека Рома ќе победи против Севија иако во финалето се може да се случи. Се надевам дека Дибала ќе се опорави“, потенцираше Тоти.