Левандовски: Денес знам што значи оваа титула за Каталонците.

Фудбалерот, Роберт Левандовски, објасни како се чувствувал кога низ улиците на Барселона масовно се прославуваше титулата обезбедена во Примера Дивизион.

„На улиците во градот разбрав што значи за поддржувачите да ја освојат лигата. Беше многу посебно, доживеав неверојатни емоции“ – вели голгетерот на Каталонците.

Репрезентативецот на Полска има реална шанса да ја освои наградата за најдобар стрелец во сезонава. Тој на две кола до крајот има 25 голови или пет повеќе од членот на Реал Мадрид, Карим Бензема.