Гвардиола е менаџер на годината во Премиер лигата

Пеп Гвардиола, освои две престижни индивидуални награди. Шпанскиот стручњак ја доби наградата за менаџер на сезоната во Премиер лигата, како и наградата за менаџер на годината од Асоцијацијата на менаџери во лигата (LMA).

Не е првпат Гвардиола да ги освојува овие индивидуални награди, бидејќи првата ја освои по четврти пат, а втората награда по трет пат. Доаѓа сосема логично бидејќи Манчестер Сити брка тројна круна под негово водство, откако веќе ја освои Премиер лигата, стигна до финалето на Лигата на шампионите против Интер, и има финале од ФА Купот со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Гвардиола ја доби престижната индивидуална награда за најдобаре менаџер во англискиот фудбал за прв пат во 2021 година, откако претходно беше победен од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Во својот говор по освојувањето на наградата LMA, Гвардиола рече:

„Воодушевен сум што ја добив наградата за менаџер на годината во Премиер лигата. За мене е неверојатна чест што го добив овој трофеј. Ние сме во најдобрата лига во светот и јас ви ветувам дека така ќе биде и следната сезона“.

Под водство на 52-годишниот шпански менаџер, Манчестер Сити го доживува најуспешниот период во својата историја, од неговото доаѓање, тимот освои пет шампионски титули, а ова во моментов е трета по ред за „граѓаните “.