Ди Марија се враќа во Бенфика?
Анхел Ди Марија може да ја продолжи кариерата во Бенфика.
Според новинарот Фабрицио Романо, клубот од Лисабон сака да се обиде да го врати Аргентинецот во тимот. Преговорите се уште не се започнати, но ќе се направи обид во наредните недели да се разговара со играчот. Договорот на играчот со клубот од Торино истекува на крајот на јуни оваа година. Проценетата цена на овој фудбалер, според интернет порталот Трансфермаркт, изнесува 10 милиони евра.
Ди Марија му се приклучи на Јувентус во летото 2022 година. Тој забележа 24 настапи во Серија А, постигнувајќи четири гола и четири асистенции.
На Светското првенство 2022 година во Катар, Ди Марија играше за Аргентина и постигна гол против Франција во финалето кое го доби Аргентина по изведување на пенали.