Србинот Самарџиќ е замената за Брахим Диаз во Милан
Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација. Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажува Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.
„Росонерите“ се во потрага по офанзивен играч за врска, бидејќи бараат замена за Брахим Дијаз кој се врати во Реал Мадрид.
Пиоли верува дека Самарџиќ ќе биде идеална негова замена бидејќи покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А.
Медиумите тврдат дека Удинезе за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Милан е спремен да ја плати.