ПСЖ ја купува ѕвездата на Мајорка?

Пари Сен Жермен ова лето ќе започне нов проект во кој ќе назначи нов тренер и би требало да пристигнат нови имиња, а едно од првите засилувања кое може да пристигне е изненадување.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ би можел да плати 22 милиони евра за фудбалер кој го носи дресот на Мајорка. Станува збор за Канг-Ин-Ли кој подолго време важи за поголемите фудбалски таленти и беше вистински бисер на Валенсија, но откако не доби вистинска шанса на „Местаља“ си замина во Мајоркја.

Изборот да премине во Мајорка беше вистински погодок за него и почна да го покажува својот талент. Јужнокореецот зад себе има одлична сезона со која го свртел вниманието и на ПСЖ.

„Марка“ и „АС“ тврдат дека во ПСЖ веќе дале зелено светло за трансферот.