Меси потврди дека нема да игра на СП во 2026 година

Лионел Меси објави дека нема да игра за Аргентина на следниот Мундијал во 2026 година, ваквата одлука Аргентинецот ја најави и по освоената титула во Катар, а сега само потврди.

На следниот Мундијал Меси ќе има 39 години и смета дека нема да биде подготвен да и помогне на неговата репрезентација.

„Нема да играм на следниот Мундија. Ова беше моето последно Светско првенство, ќе видима каква ќе биде ситуацијата, но не верувам дека нешто ќе се промени“, изјави Меси.

Навивачите на Аргентина сепак и понатаму ќе се надеваат дека Меси може да настапи на турнирот на кој Аргентинците ќе ја бранат титулата освоена во Катар.