Квадрадо како слободен фудбалер заминува од Јуве
Фудбалерот на Јувентус, Хуан Куадрадо, на крајот на месецот ќе биде слободен играч и веројатно ќе замине во друга земја, најавија денеска медиумите во Италија.
За неговиот потпис се заинтересирани екипите на Валенсија (Шпанија) и турскиот, Фенербахче. 35-годишниот ветеран во последната сезона кај „старата дама“ имаше 47 мечеви во сите конкуренции со ефект од два гола и четири асистенции.
Репрезентативецот на Колумбија претходно играше и во Челзи, Удинезе, Лече, Фиорентина и Индепендиенте Меделин.