Мареска започнува самостојна кариера, го презема Лестер Сити
Поранешниот италијански репрезентативец Енцо Мареска и официјално е потврден за нов тренер на Лестер, новопечениот англиски второлигаш. Поранешниот тренер Дин Смит не успеа да го спаси шампионот на Англија во 2016 година од испаѓање и тоа го плати со отказ.
Ова е втора независна работа за Марсека на сениорско ниво, до која доаѓа откако беше дел од стручниот штаб на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити претходната сезона, каде што придонесе за освојување на тројната круна. Претходно раководеше со У-23 тимот на Сити, од кој замина во Парма, но таа епизода беше неуспешна, па набрзо повторно стана соработник на Гвардиола.
Како играч беше вистински номад и играше за Вест Бром, Болоња, Јувентус, Пјаченца, Фиорентина, Севиља, Олимпијакос, Малага, Сампдорија, Палермо и Верона. Тој ја освои шампионската титула со Јувентус во 2001 година и два последователни Купа на УЕФА со Севиља во 2005 и 2006 година.
Гвардиола, кој освои пет првенствени титули во последните шест сезони и го направи Сити незапирлива сила, почна се повеќе да влијае на потезите на другите клубови, кои се повеќе ги избираат неговите ученици за нови тренери.