Мурињо казнет, нема да ја води Рома во првите две кола на Серија А
Италијанската фудбалска федерација му изрече десетдневна суспензија на Жозе Мурињо поради навреда на судијата Даниеле на мечот со Монца одигран на 3 мај.
Тоа значи дека тренерот на Рома нема да седи на клупата на стартот на новата сезона. Португалскиот тренер ќе треба да плати и казна од 50.000 евра.
Пред извесен период и УЕФА го казни „специјалниот“ со четири натпревари поради вербални навреди упатени кон судијата Ентони Тејлор по поразот од Севилја во финалето во Лига Европа.