Ди Лоренцо го продолжи договорот со Наполи
Џовано Ди Лоренцо уште долго време ќе го носи дресот на калчолигашот Наполи.
Ди Лоренцо вчера го прослави 30. роденден, а како подарок му е новиот договор според кој ќе остане во Неапол до 30 јуни 2028 година.
Тој минатата година беше промовиран во капитен по заминувањето на Инсиње и Мертенс и како лидер имаше можност да го крене Скудетото, прво за Наполи по пауза од три децении. Бекот од 2019 година е дел од сегашниот клуб во кој пристигна од Емполи.
Севкупно има одиграно 184 натпревари на кои има дадено 13 гола и запишано 28 асистенции.