Данецот Густав Исаксен пред потпис со Лацио
Лацио полека се буди на трансфер пазарот, па откако го обезбеди Даичи Камада кој му се приклучи на Тати Кастелјанос, нов члена на „бјанкочелестите“ ќе стане ѕвездата на Митјиланд, Густав Исаксен.
Се работи за 22 годишен офанзивец, крило кое ќе треба да донесе свежина во напаѓачката линија на тимот предводен од Маурицио Сари. Лацио за него ќе издвои околу 17 милиони евра и тоа откако тој ќе ги заврши медициските тестови кои се закажани за в понеделник.
Според информациите договорот ќе биде до 2028 година, играчот ќе има плата од 1,3 милиони евра по сезона.