Интер го договори Деви Класен од Ајакс

Во последниот ден од преодниот рок, Интер се засилува со Деви
Класен од редовите на Ајакс.
Oфанзивниот играч за врска веќе е во Милано каде што ги започнува
лекарските прегледи и ќе потпише договор за соработка до 2025
година.
30-годишниот фудбалер досега во кариерата покрај Ајакс играше
уште за Евертон во Премиер лигата и Вердер Бремен.
Финансиските детали од трансферот засега не се објавени.