Нотингем Форест го доведе и Дивок Ориги

Дивок Ориги се врати во Премиер лигата откако му се приклучи на
Нотингем Форест на позајмица од Милан. Белгискиот напаѓач не
успеа да се наметне во италијанскиот гигант, па реши да бара нов
предизвик во кариерата. Во договорот на Ориги има и откупна
клаузула која вреди 4,5 милиони евра, но не е задолжителна и Форест
може да ја активира до крајот на сезоната.
Платата на напаѓачот ќе биде целосно покриена од англискиот клуб.
Ориги се очекува да биде претставен во недела, најверојатно ќе
дебитира за својот нов клуб по репрезентативната пауза.