Галатасарај имал договор со Амрабат, но пропаднал во последен момент
Првиот човек на Галатасарај, претседателот Ерден Тимур, открива дека Софијан Амрабат бил блиску до трансфер во нивните редови ова лето.
„Црвените ѓаволи“ постојано се поврзуваа со трансферот на мароканскиот интернационалец, па тој трансфер се случи последниот ден од летниот трансфер ериод.
Но очигледно дека Амрабат имал други понуди и Јунајтед не му била единствената опција за трансфер надвор од Фиорентина.
За волја на вистината, Амрабат се пресели во Јунајтед на едносезонска позајмица, по што ако не го откупат неговиот договор, тој ќе се врати во Фиренца.
„Имавме и ние близок договор со Софијан Амрабат. Преговаравме со Фиорентина и се договоривме. Тој на моменти размислуваше да ги отфрли сите други понуди и да ни се приклучи, но ете, до тоа не дојде на крајот“, порача Тимур.