Санчо се враќа во Борусија Дортмунд

Иднината на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед е неизвесна, особено после недоразбирањата со тренерот Тен Хаг.

Санчо на последниот натпревар со Арсенал беше изоставен од тимот, а Јунајтед дури беше отворен да го продаде во Саудиска Арабија.

Англичанецот влезе во расправија со тренерот Тен Хаг и јасно е дека нема да добива голема минутажа, па е спремен да ја промени средината. Најсилен интерес за него покажува Борусија Дортмунд, каде што ја доживеа својата афирмација, а самиот Санчо сака да се врати и да ја „оживее“ својата кариера.

Дортмунд веќе работи на трансферот и ќе се обиде во јануари да го доведе на позајмица со право на откуп.