Љајиќ сензационално се врати во Нови Пазар

Србинот Адем Љајиќ ќе потпише договор со клубот од неговиот роден град Нови Пазар.

Веста е сензационална за навивачите на овој клуб бидејќи Љајиќ е фудбалер со богато интернационално искуство. Тој е поранешен репрезентативец на Србија, а во кариерата собра искуство во клубови како Фиорентина, Рома, Интер и Бешикташ, кариерата ја започна во Партизан. Минатата сезона беше дел од турски Карамгурук, а во Нови Пазар се најавува како најголемото засилување во историјата на овој клуб.

„Навистина специјален и посебен момент за нешиот клуб. Подолго период преговаравме со Адем и сега можеме да го најавиме неговиот трансфер кој треба да биде завршен многу брзо“, изјавиле од српскиот прволигаш.

Најголем дел од кариерата Љајиќ помина во Серија А и постигна 48 голови, додека дресот на репрезентацијата на Србија го носеше на 47 натпревари во кои запиша девет голови.