Јунајтед го сака Гнабри во јануарскиот преоден рок
Манчестер Јунајтед е силно заинтересирани за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец Серж Гнабри.
Гнабри има договор со Баерн до 2026 година, но не е задоволен од својот статус во тимот. Англиските медиуми пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ ја следат ситуацијата и се спремни да испратат понуда за Германецот во јануари.
Баерн не сака да се раздели со Гнабри на средина од сезоната, но самиот играч настојува да ја промени средината.