Два гиганти го сакаат Виктор Осимен во јануари

Виктор Осимен е во центарот на вниманието откако најави тужба за Наполи поради видеото кое го објави клубот.

Односите помеѓу напаѓачот и клубот се комплетно нарушени, па Осимен сака што е можно побрзо да направи трансфер. Осимен ги избриша сите траги од Наполи на својот Инстаграм акаунт, а ситуацијата будно ја следат неколку европски гиганти.

Имено, најсилен интерес за нигерискиот напаѓач покажуваат Реал Мадрид и Челзи, кои сакаат да го доведат уште во јануари.

Богата понуда за него спремаат и клубовите од Саудиска Арабија, но Осимен сака да остане во Европа.