Барса ќе добие оштета од ФИФА за повредата на Гави

Барселона од ФИФА ќе добие од 3 до 4,3 милиони евра како
отштета за повредата на Гави, пренесуваат шпаските медиуми.
Гави заработи повред на натпреварот во квалификациската група
за ЕП 2024 меѓу селекциите на Шпанија и Грузија (3-1). Според
најавите Гави може да биде надвор од терените од шест до осум
месеци, па Барселона веќе бара негова замена.
Според медиумите Барса може да се обиде да го ангажира
Џовани Ло Селсо од Тотенхем и тоа на позајмица до крајот на
сезоната. Аргентинецот е искусен играч кој не добива доволно
минутажа во Лондон.
На листата се уште играчот на Атлерико Мадрид, Родриго де
Паул и Едерсон од Аталанта.