Капело: Отказ за Пиоли нема да ги реши проблемите на Милан
Неубедливите и променливи резултати на Милан го доведоа Стефано Пиоли во опасност да биде отпуштен среде сезона, но Фабио Капело смета дека „росонерите“ нема да профитираат од ваква одлука.
Поранешниот тренер на Милан и многу поискусен колега на Пиоли ја коментирал оваа шпекулација и не го советува клубот да направи таков потег.
„Сега нема поента да се менува тренерот, но Пиоли треба да пронајде одредени решенија, не смее да се продолжи на ист начин. Треба да се пронајде проблемот, кој според мене лежи во средниот ред. Би работел на тој сегмент, иако не е лесно со толку повредени играчи. Тимовите кои користат контранапади му создаваат многу проблеми на Милан, а треба да се работи и на нови тактички решенија за одбраната.
Пиоли има проблем поради многуте отсуства, па иако го чека многу работа, негов отказ во моментов нема донесе голем позитивен ефект за екипата“, рекол Капело.