Кварацкелија е највреден фудбалер од бившите советски простори
„Трансфермаркт“ го објави рејтингот на најскапите фудбалери од постсоветските земји. На врвот е крилото на Наполи, Квича Кварацкелија, кој е проценет на 80 милиони евра.
Веднаш до него е дефанзивецот на Арсенал, Александар Зинченко, чија пазарна вредност се движи околу 42 милиони евра.
На третото место на листата е украинскиот крилен играч на Челзи, Михаил Мудрик, кој на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра.