Перишиќ заминува од Тотенхем зимава, еуфорија меѓу сплитските фанови

Најавата за трансфер на Иван Перишиќ во Хајдук повторно е актуелна. Хрбатот уште во јануари би можел да го напушти Тотенхем и да се пресели во татковината.

Според новинарот Аласдаир Голд од „Фудбал Лондон“, Перишиќ размислува за таков чекор. Преодниот рок во Хрватска започнува на 18 јануари ќе трае до 15 февруари.

Неодамна тренерот на Тотенхем Постекоглу порача дека клубот нема намера да му стои на патот на Перишиќ, но најави и дека веројатно тој веќе го одиграл последниот натпревар за Тотенхем.

Дресот на Тотенхем, Перишиќ го носеше на 50 натпревари во кои постигна еден гол и подели 14 асистенции. Во овој момент тој е на рехабилитација по операцијата од тешката повреда на предните вкрстени лигаменти на десното колено кон средината на септември 2023 година.