Јанис и Леброн добија најмногу гласови на Ол-стар натпреварот

Јанис Адетекумбо и Леброн Џејмс се двајцата играчи со најмногу гласови во анкетата на навивачите за претстојниот НБА Ол-стар натпревар, кој ќе се одржи на 19 февруари во Индијанаполис.

Гркот е број 1 во Источната конференција со 3.475.698 гласови, додека Леброн е прв на Западот со 3.096.031 глас. Поделено по конференција, Јанис води на Истокот а по него е Џоел Ембиид од Филаделфија со 2.975.987. Третото место му припадна на Џејсон Тејтум од Бостон со 2.939.663, додека Тајрис Халибартон од Индијана е четврти со 2.192.810. По него е Треј Јанг од Атланта со 1.449.485, а веднаш зад него е Демијан Лилард од Милвоки со 1.414.122.

Веднаш зад Леброн на Западот е Никола Јокиќ од Денвер со 2.777.068 гласови. Кевин Дурент од Феникс е трет со 2.773.809 а Лука Дончиќ од Далас е четврти со 2.508.618. По него е Стеф Кари од Голден Стејт со 2.126.037 и Шеј Гилгес-Александер од Оклахома со 1.763.671 глас.