Скалони останува селектор на Аргентина и покрај шпекулациите

Иако после победата на Аргентина над Бразил во ноември на „Маракана“ во ноември во квалификациите за Мундијалот 2026 се појавија информации дека Лионел Скалони би можел да ја напушти клупата на Аргентина тоа нема да се случи.

Скалони на прес-конференцијата по тој натпревар зборуваше за проблеми кои се појавиле, а истите сега изгледа се оставени на страна, па така човекот кој ја донесе светската титула на Аргентина ќе продолжи да биде на клупата.

Во овој момент е извесно дека ќе биде селектор до крајот на Копа Америка која е на програмата следното лето и каде што Аргентина ќе ја брани титулата.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека Скалони разговарал со претседателот на сојузот, Клаудио Тапија, па се очекува Скалони да биде на клупата и на Мундијалот во 2026 година.