Португалецот Рамош по само шест месеци си заминува од Париз?

Гонзало Рамош не ги исполни очекувањата на Луис Енрике и би можел да го напушти Пари Сен Жермен во случај на вистинска понуда.

Португалецот во текот на летото пристигна на „Паркот на принцовите“ од Бенфика и тоа на позајмица, но поради фер-плејот за потоа во 2024 година да плати сума од 65 милиони евра.

Сепак, Рамош не го убеди Енрике дека може да биде водечка „деветка“ во неговиот систем. Во досегашниот дел од сезоната Рамош постигна четири гола и запиша една асистенција на 19 натпревари, а на теренот помина вкупно 889 минути.

Во случај на вистинска понуда, ПСЖ ќе преговара и со Бенфика околу остатокот на исплатата и со заинтересираните клубови кои сакаат да го откупат.