Фиорентина се засили со напаѓач од Рома

Голгетерот на Рома, Андреа Белоти, до крајот на сезоната ќе игра како позајмен играч во Фиорентина.

Белоти се одлучи да го носи познатиот виолетов дрес на Фирентина поради слабата минутажа во Рома. Клубот од Фиренца нема обврска да го откупи договорот на 30-годишниот фудбалер кој со оваа позајмица се надева дека ќе се врати во посакувана форма пред европското првенство во Германија.