Пелистри од Манчестер Јунајтед на позајмица во Гранада
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Факундо Пелистри, до крајот на сезоната ќе настапува во екипата на Гранада.
22-годишниот по трет пат ќе игра во шпанската Ла Лига откако претходно во два наврати играше за Алавес. Според договорот целосната плата за Пелистри ќе ја покрие Манчестер Јунајтед, клуб за кој Уругваецот настапува од 2020 година.