Давид Тошевски потпиш за австриски Клагенфурт

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давид
Тошевски, вчера потпиша договор со Австрија Клагенфурт, но веднаш
беше испратен на позајмица. 22-годишниот напаѓач кој до неодамна
играше за рускиот прволигаш ФК Ростов потпиша со австрискиот
клуб до 30 јуни 2025 година, а веднаш е испратен на 6-месечна
позајмица во хрватски Шибеник.
„Давид е многу талентиран напаѓач во кој апсолутно ја гледаме
можноста да стане постојан играч на нашиот клуб. Позната е
ситуацијата во Русија, па од септември нема никаков натпревар. Ја
искористивме можноста да го добиеме оваа зима, но прво сакаме да
му дадеме можност да се врати во ритам во Шибеник“, вели
директорот на Австрија Клагенфурт, Пер Јаекел.