Квинси Промес осуден на 7,5 години затвор

Напаѓачот на Спартак Москава, Квинси Промес, кој претходно беше осуден на 7,5 години затвор, може да биде екстрадиран во Холандија.

Да потсетиме, претходно се дозна дека напаѓачот е прогласен за виновен во случајот со шверц на дрога и избодување на својот братучед. Промес беше осуден на 6 години затвор поради шверц на дрога и 1,5 година за нападот на неговиот братучед.

Сега фудбалерот е во Обединетите Арапски Емирати со Спартак, оваа држава има договор за екстрадиција со Холандија. Оваа сезона холандскиот напаѓач одигра 21 натпревар за Спартак нво сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и осум асистенции.

Актуелниот договор на играчот со рускиот клуб е до крајот на јуни 2024 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на Квинси Промес на 6 милиони евра.