Мајк Џејмс најави кошаркарска пензија
Договорот на Мајк Џејмс со неговиот сегашен клуб Монако завршува на крајот на сезоната, а откри дека следниот договор ќе биде последен во неговата кариера.
„Колку и да ја сакам кошарката, некогаш сум уморен од улогата кошаркар, ако ви има смисла. Така да, ќе бидам прецизен. Следниот договор најверојатно ќе биде последен. Тоа ќе биде крај на моето поглавје како кошаркар“, изјави Џејмс.
На прашањето дали ќе го продолжи договорот со Монако чиј дел е од 2021 година Американецот остана мистериозен.
„Долга е сезоната, знаат каде живеам. Имаме време да разговараме за тоа“, додаде 33-годишникот.