Фримпонг од Баер Леверкузен е идеалниот бек за Реал Мадрид
Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпаските медиуми.
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата. Анчелоти сака да ја засили десната бековска позиција на лето е спремен да испрати понуда за 22-годишниот Фримпонг.
За него интерес покажуваат и клубовите од Премиер лигата, па се очекува голема битка за неговиот потпис.
Сепак, Реал Мадрид е фаворит за неговиот потпис и веќе почнал преговори со неговиот агент.