Милан спреми нов договор за Тео Хернандез

Тео Хернандез е еден од најважните фудбалери на Милан и клубот сака уште долго да го задржи во своите редови.

Францунот игра фантастично и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа, па е на мета на многу европски гиганти.

Тео Хернандес има договор со „росонерите“ до 2026 година, но Милан е спремен да му понуди нов договор со значително повисока плата.

Тео е еден од најважните играчи во тимот и моментално заработува 4 милиони евра по сезона, а со новиот договор ќе се израмни со Рафаел Леао со плата од 7 милиони евра годишно.