Тен Хаг го сака Кварацхелија на „Олд Трафорд“
Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Грузиецот беше еден од најзасилужните за освоеното Скудето на Наполи, а сега сериозен интерес за него покажуваат клубовите од Премиер лигата.
Манчестер Јунајтед внимателно го следи Кварацхелија и е спремен да испрати богата понуда за него на крајот на сезоната.
Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и сака да го продолжи договорот и нема да го пушти за помалку од 100 милиони евра.