Баерн бара 70 милиони евра за Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го напушти Баерн Минхен.

По последните преговори, Баерн е подготвен да го продаде Дејвис на лето со цел да не си замине бесплатно во јуни 2025 година.

Челниците на Баерн, свесни дека не можат да го задржат Дејвис, па на заинтересираните клубови им порачале дека обесштетувањето за Дејвис изнесува 70 милиони евра.

Англиските медуми пишуваат дека Дејвис одбил понуди од Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул и дека веќе се договорил со Реал Мадрид.